AO3 News

Post Header

Published:
2020-10-11 20:05:20 -0400
Original:
Thanks for your Support
Tags:

Втората кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) за оваа година заврши и со задоволство можеме да кажеме дека иако не ја постигнавме нашата цел од 5.000 нови членови, регистриравме вкупно 2.660 членства од 69 држави, со што во овој период собравме вкупно 89.688,51 USD.

Мило ни е што толку голем број од вас ја искористија оваа можност да ја формализираат својата поддршка за OTW. OTW е непрофитна организација која зависи од креативните, финансиски и логистички придонеси на фановите ширум светот. Како што опишавме неодамна во нашата објава за буџетот, дарежливоста на нашите членови ја поддржува нашата архивска, правна, академска и технолошка работа и ни помага да продолжиме да ја служиме нашата мисија на зачувување на фан-делата и фан-културата. Ви благодариме!

Ако сѐ уште не сте се зачлениле, не грижете се! OTW прифаќа и членови и донации во текот на целата година.


OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување..